Пенелопе Круз (50) сè уште важи за една од најубавите актерки на сите времиња. Актерската кариера ја започна како тинејџерка, а на снимањето на нејзиниот прв филм го запознала својот иден сопруг Хавиер Бардем. Нивната љубовна приказна започнала за време на снимањето на филмот „Jamon, jamon“ (Шунка, шунка) во 1992 година, кога Пенелопе имала само 16 години и ја играла својата прва улога, додека Хавиер ѝ бил првиот филмски партнер.
Откако наполнила 20 години, Пенелопе се преселила во Њујорк да студира англиски и балет, додека Хавиер тогаш бил во врски со познати личности. Во тоа време, се случи и познатиот однос помеѓу Пенелопе со Том Круз. Професионалното патување повторно ги спои Хавиер и Пенелопе кога режисерот Вуди Ален ги покани да играат во филмот „Вики Кристина Барселона“. Оваа соработка доведе до нивната романтична врска која заврши со брак.
Иако многумина очекуваа раскошна венчавка, парот се одлучи за скромна церемонија на Бахамите во домот на Џони Деп. Хавиер претходно изјави:
– Животот се промени. Ние созреавме. Сега сме семејство и тоа е приоритет. Фикцијата и реалноста се различни приказни.
Покрај актерската кариера, Пенелопе стана заштитно лице на разни модни брендови меѓу кои и Шанел, благодарение на нејзиниот изглед. Како родители, Хавиер и Пенелопе поставија строги правила за своите деца, ќерката Луна (7) и синот Леон (10), кои нема да ги користат социјалните мрежи до нивната 16-годишна возраст, поради грижата за нивниот развој и благосостојба.
Сега тие беа видени заедно во јавноста, а тоа е глетка на која ретко можеме да посведочиме.
Оваа година парот беше номиниран за престижната филмска награда Оскар – Хавиер за улогата на Деси Арназ во филмот „Being the Ricardos“ (Да се виде Рикардо), а Пенелопе за улогата на Јанис во филмот „Madres Paralelas“ ( Паралелни мајки) на Педро Алмодовар.