Тажна приказна доаѓа од Индија, каде 38-годишната Рама Деви била итно пренесена во рурална болница кога почнала да се пораѓа.
Сепак, лекарите биле шокирани кога сфатиле дека бебето е родено со тело кое не е целосно развиено.
Ова нарушување предизвикало бебето да има четири раце, четири нозе и две лица, а тоа починало само пет часа по раѓањето.
Се вели дека оваа состојба е толку ретка што останува неименувана. Останува нејасно како точно починало детето, иако се тврди дека не можело самостојно да консумира млеко.
Кога Рама се породила, медицинскиот персонал реагирал исплашено, настанал хаос, па веднаш го извадиле бебето од собата.
Сопругот на мајката, Рамхал, изразил изненадување откако дознал во каква состојба е детето. Иако породувањето било без проблеми, тоа се случило во рурален регион каде жените ретко прават пренатални прегледи.
Ова може да објасни зошто нарушувањето било забележано толку доцна, пишува Дејли Меил.
Иако не е јасно дали сличен случај е забележан претходно, неколку други исклучително ретки форми на споени близнаци се пријавени во Индија и околните земји.
Минатиот ноември, 30-годишна Индијка роди момче со четири раце и четири нозе. Во Индонезија, близнаците се раѓаат споени во карлицата, со три нозе, четири раце и еден полов орган.
Подоцна тие биле наречени „пајакови близнаци“.