Голема бела ајкула, која се смета за најголема на планетата, била забележана на брегот на Хаваи. Таа е забележана од страна на нуркачите кои исто така нуркале со неа, па направили и неколку фотографии. Ајкулата е долга шест метри.
“ Прво видовме неколку обични ајкули кои избегаа кога таа се појави. Неколку пати се “очеша“ од нашиот брод. Со неа се дружевме речиси цел ден“, изјави нуркачот Океан Ремзи.
Тој смета дека ајкулата е стара 50 години, тешка е околу два и пол тона, па според него, можеби е трудна.
Ајкулата го доби името “Дееп Блуе” и веќе има и свој Твитер налог. Нуркачите се изненадени што таа се појавила во хавајските води кои за неа се претопли.