Анмол Родригез имала два месеци кога нејзиниот татко истурил киселина врз неа и нејзината мајка додека ја доела. Според извештаите, тој го направил ова затоа што сакал син, а добил ќерка. За жал, мајка ѝ починала поради тоа, тој завршил во затвор, а на Анмол и останаа доживотна лузна.
Следните неколку години, Анмол талкала низ болниците, каде што лекарите напорно се обидувале да ја спасат. Таа денес има 29 години и е модел, но и инспирација за многу луѓе.
Оваа девојка остана без едното око, лицето ѝ е изобличено и долго време се бореше со речиси неподносливи болки. Она што е најтажно е фактот што никој од семејството не сакал да се грижи за неа, па Анмол завршила во сиропиталиште.
“Никогаш не сфатив дека сум поинаква додека не ме пуштија во реалниот свет. Имам само среќни спомени од сиропиталиштето во кое имав четворица пријатели“, рече Анмол, која успеа да се запише на женскиот универзитет во Мумбаи.
Сепак, признава таа, другите деца на почетокот биле исплашени од нејзиниот изглед, но вели дека со текот на времето целосно ја прифатиле.
“Го сакам мојот живот таков каков што е. Никогаш не сум почувствувала дека сум поинаква. Можеби тоа е затоа што, откога знам за себе, имам само едно око и збрчкана, изгорена кожа“, рече таа.