Непосредно до граничниот премин Евзони избувна пожар околу 12 часот, потврдуваат од Центарот за управување со кризи и МВР за Плусинфо.
Граѓаните на социјалните мрежи споделуваат дека е исклучена струјата и на Богородица од македонска страна и на Евзони од грчка, како и дека вработените се евакуираат.
Според информациите на терен се излезени 22 пожарникари со десет возила, а во гаснење на пожарот учествува и еден хеликоптер.
Од грчката страна сообраќајот е запрен до Поликастро. Возилата се пренасочуваат на граничниот премин Дојран. Инаку на преминот има колони од возила кои биле таму кога започнал пожарот. На социјалните мрежи, во групи се споделуваат фотографии и видеа.