Почина бизнисменот Радомировиќ кој синоќа со рана на глава беше пронајден кај село Орман

by Тони Зографски

Бизнисменот Чедомир Радомировиќ кој беше една од важните фигури во бизнис круговите во доцните 1990-ти, почина од здобиените рани најверојатно од истрел во главата. Основачот на фирмата „Техноком“ и на Радо банка, беше пронајден доцна синоќа со тешки повреди покрај возило кај скопското село Орман, објави ТВ 21.

Околу 19 часот во село Орман во близина на маганиците на МВР до паркирано возило марка „Лексус“ бил пронајден познатиот бизнисмен со нанесена повреда во пределот на главата.

Според информации во медиумите до него имало пиштол и чаура. Веднаш бил пренесен со Итна помош на скопските клиники, но за кусо време починал од тешките повреди.

останати вести