На топлото време, правилната нега на косата е исклучително важна.
Многупати сме слушнале дека косата не треба да се мие премногу често, исто така не можеме да одиме никаде ако е валкана, а импровизирањето фризура на масна коса е тешко. Сепак, оние жени со погуста коса ќе се согласат дека за време на летото, скалпот постојано им се влажни од пот, а косата брзо се масти, па честопати се во искушение да ја потстрижат кратко. Кога сме на плажа и се сончаме, таа дополнително може да се замасти поради користењето крема за сончање.
Почестото миење на коса за време на летото е повеќе од пожелно
Иако многу жени досега биле во заблуда дека треба да избегнуваат често миење на косата, Мани Бонер, стручњак за проблеми со косата, објаснува дека е безбедно секојдневно миење на косата во текот на летото.
– Ако сакате да го одржувате вашиот скалп чист, особено за поздрав раст на косата, ова е задолжително. Секогаш препорачувам, во текот на годината, да не ја миете косата почесто од трипати неделно, но за време на летото ако пливате, или се потите, можете да ја миете секој ден или барем секој втор ден, доколку е потребно – открива таа.
Заштитете ја косата во текот на летото
Изложувањето на косата на УВ зраците во текот на летото ја оштетува вашата коса, ја прави посува и поподложна на кршење. Од друга страна, доколку се фарбате, бојата побргу избледува. Ако се борите со сува коса, Бојнер препорачува да користите производ на база на влага кој ќе ја хидрира вашата коса. Тие производи содржат есенцијални липиди во својата формула за да ја вратат природната влага на косата која се губи за време на високите жештини и за да ја хидрираат.
Избегнувајте многу топла вода
Повеќето луѓе сакаат да се капат во топла вода бидејќи таа поефикасно ја отстранува нечистотијата и потта. Но кога ја миете косата, експертите советуваат да ја миете со млака вода, која ќе ја отвори кутикулата на влакното и ќе овозможи шампонот и регенераторот да продрат во неа, а притоа нема да ја оштетат косата или да ја исушат кожата на главата. Тоа е важно за нејзиниот здрав раст, пренесува „Yahoo“.
Можете исто така да нанесете заштитен фактор на вашата коса
Иако за многумина може да биде зачудувачка информација, експертите напоменуваат дека за време на сончањето, може да нанесеме крема за сончање на скалпот и на прамените. Доколку чувствувате печење на скалпот додека се сончате, а не носите капа, сосема е прифатливо да посегнете по кремата за сончање, таа ќе ве заштити од сонцето. Шампонот за коса го отстранува секој производ од неа, а Бојнер истакнува дека и масажата на скалпот исто така е корисна и делува смирувачки.
За да избегнете оштетување на косата, важно е да се напомене дека скалпот треба да биде влажен кога е топло, а косата хидрирана и заштитена од сонцето, па Бојнер препорачува почесто миење.