Селија Дитано (25) загинала во станбена зграда во градот Фасано, во јужна Италија, кога паднала во шахта од лифт.
Имено, девојката го повикала лифтот, но вратата се отворила пред да дојде лифтот. Младата жена не погледнала, само зачекорила и паднала во отворот, пренесе Индекс.
За жал, девојката останала мртво на лице место кога паднала врз покривот на лифтот, што застанал на првиот кат.
Според италијанските медиуми, 25-годишната девојка паднала од четвртиот кат на првиот, каде што бил запрен лифтот.
Таткото на Селија го пронашол нејзиното тело откако ѝ се јавил на мобилниот телефон и слушнал како ѕвони во шахтата на лифтот.
Тој ги известил итните служби кои пристигнале на местото на настанот околу 8 часот.
„Требаше штотуку да ги остварите сите свои соништа, семејството што сакаше да го создаде, да ја пронајдете вистинската љубов…“, напишала една нејзина пријателка на социјалните мрежи.
Во тек е истрага зошто вратата се отворила иако немало лифт.
„Претпоставуваме дека се работи за дефект на склопот на бравата. Вратата треба да се отвори само кога ќе пристигне лифтот“, изјавил истражителот.