“ Кејт е навистина секси“ бил првиот коментари на принцот Вилијам кога во 2002 година, на хуманитарната модна ревија “Don’t Walk”, ја видел принцезата Кејт Мидлтон.
Тогаш 19-годишната Кејт се испробала во улогата на манекенка, па на модната писта прошетала во проѕирен фустан на дизајнерката Шарлот Тод.
Дека Кејт со разголеното издание го привлекол вниманието на принцот, потврди и нивниот заеднички пријател и поранешен колега од факултетот, Пет Данкан.
“ Беше тоа при крајот на нивната прва година на факултет. И јас бев на ревијата на која имаше многу други згодни девојки. Но, Кејт носеше провокативен проѕирен фустан од кој Вилијам неможеше да го симне погледот“ – вели Данкан.
Една година подоцна Кејт и Вилијам ја започнаа врската.
Инаку, интересно е што проѕирниот фустан кој го носеше принцезата на ревијата, во 2011 година кога беше венчавката на Кејт и Вилијам, дизајнерката го продаде за фантастични 125.000 долари.