Три безживотни тела се пронајдени во куќа по пожарот што се случи вчера во населбата Широкача во Сараево. Иако истрагата се уште е во тек, се појавија првите неофицијални информации за целиот настан.
Медиумите во БИХ пренесуваат дека на пожарот му претходела семејна расправија, во кој учествувале двајца браќа. Полицијата и во изминатите месеци добивала дојави за тепачки и расправии, кои кулминирале во четвртокот, откако постариот брат дошол во куќата, и ги убил помалиот брат и неговата сопруга, а потоа ја запалил куќата.
На терен веднаш биле испратени противпожарни екипи, полиција со долги црева, а присутен бил и дежурниот обвинител од Обвинителството на кантонот Сараево.
Поради овој настан, целата населба синоќа остана без струја, а слична е состојбата и утрово, со оглед на тоа што не може да се започне со санирање на дефектот до завршување на истрагата.
„Во 21 часот и 10 минути се случи експлозија во семејна куќа во улицата Жагриќи, општина Стари Град. Полицијата, пожарникарите, итната помош и екипите на Сараевогас во моментов се на терен“, изјави Мерсиха Новалиќ, портпарол на МУП на кантонот Сараево.