Најстарата ќерка на Хајди Клум, Лени (20) со години е многу интересна за странските и домашните медиуми и секое нејзино ново појавување привлекува внимание.
Така вчера беа објавени папарацо фотографии на кои Лени ужива на Сардинија во друштво на своето момче Арис Рачевски.
Двајцата биле фатени како разменуваат нежности и бакнежи во вода и на плажа, но она што најмногу го привлекло вниманието на сите присутни биле облините на Лени.
Иако е значително пониска од нејзината мајка, таа може да се пофали со бујно деколте и извајано тело.
Лени на себе носела костим за капење составен од танга гаќички и горен дел на врзување, и ги привлекувала погледите на сите присутни на плажата.
Лени и Арис се во врска од 2019 година, живеат заедно и често објавуваат заеднички фотографии на социјалните мрежи.
За потсетување, Лени е родена од кратката врска која Хајди Клум ја имаше со 23 години постариот Флавио Бријаторе. Врската започна набргу откако Хајди стави крај на својот 5-годишен брак со Рил Пипинo. Хајди и Бријаторе раскинаа пред Лени да се роди во 2004 година.
Меѓутоа, во 2003 година, Хајди се вљуби во популарниот пејач Сил, со кој се венчаше две години подоцна, а Сил ја посвои и ја одгледуваше Лени како да е негова.