Почина Стојан Андов

by Тони Зографски

На 89 годишна возраст почина првиот претседател на Собранието на самостојна и суверена Република Македонија, Стојан Андов.

Роден 1935 година во Кавадарци, Андов дипломирал на Економскиот факултет во Скопје, а магистрирал на Белградскиот универзитет.

Во неколку наврати ја извршуваше функцијата претседател на законодавниот дом.  Во три мандати бил претседател на Собранието на Македонија (8 јануари 1991 – 19 ноември 1994; 19 ноември 1994 – 6 март 1996;  30 ноември 2000 – 3 октомври 2002)

Беше и пратеник, а во 1999 година се кандидираше и за претседател на државата како кандидат на ЛДП.

Се сметаше за извонреден познавач и експерт на економските прашања, како и политичар ориентиран кон пазарната економија. Бил амбасадор на поранешна Југославија во Ирак (1987-1991 година).

останати вести