Пожарникари и лекари го извлекувале возачот: Тешка сообраќајка во Скопје – преполовено „БМВ“!

by Тони Зографски

фото: Скопје инфо

Тешка сообраќајна несреќа се случи синоќа во Кисела Вода, во непосредна близина на стадионот „Цементарница“. Пожарна и итна помош интервенирале да го извадат возачот од автомобил кој возел со неприлагодена брзина и удрил во метален столб.

Според првичните информации возило марка „БМВ“ кое се движело со неприлагодена брзина изгубило контрола и се забило во метален столб, објави „Скопје инфо“.

На лице место интервенирале екипи на противпожарната бригада во координација со службата на итна медицинска помош.

останати вести