Необична приказна е снимена во Небраска, поточно во погребалното друштво „Butherus-Maser & Love Funeral Home“.
Еден од вработените го подготвувал телото на Констанц Гленц (74) за погреб, а потоа го доживеал шокот на својот живот.
Телото било пренесено од болница малку порано, па било наредено да се подготви за погреб. Пред тоа лекарот го потпишал изводот за смрт, пренесува Daily Star.
Меѓутоа, работникот во погребалното претпријатие во еден момент забележал дека Констанц дише и во паника повикал полиција.
„Нашите полицајци се обидоа со CPR на местото на настанот, по што таа беше пренесена во болница“, рече заменикот на шерифот на округот Ланкастер Бен Хучин.
Посочува дека истрагата не утврдила сомнителна активност и затоа нема да има кривична пријава.
„Ова е необичен случај. Јас сум во полиција три децении и никогаш не сум видел такво нешто“, додаде Хучин.
Констанц е жива, а нејзиното семејство било информирано за сѐ.