Кели Кнајпс (42) боледува од ретко пореметување кое со текот на времето ја доведе во долгови, а беше цел и на сајбер-измамници
Британката откри дека боледува од парасомнија која се карактеризира со „различни несакани активности со непредвидлив модел на појава за време на спиењето, или во транзициите помеѓу спиење и будност“.
Како парасомнијата ја доведе Кели во долгови? Британката открива дека наместо да „брои овци“ купува предмети во онлајн продавниците.
Таа досега потрошила повеќе од 3.500 евра, пишува Њујорк пост.
„Навистина е вознемирувачки и фрустрирачки кога одите во кревет и мислите: „Не знам што ќе се случи вечерва“, рече таа.
Таа била дијагностицирана со парасомнија во 2018 година.
„Кога страдате од ова нарушување, изгледате како да сте будни, одите, зборувате, јадете или правите други активности, но всушност не сте свесни, бидејќи мозокот е делумно буден“, објаснуваат експертите.
Со текот на годините, Кели нарачувала секакви работи во сон, како пластично кошаркарско игралиште со реална големина!
Пакети со боја, книги, како и садови, мебел, бела техника…
„Насобрав долгови, а проблемите дополнително ескалираа кога им ги открив моите лични податоци на сајбер-измамниците преку СМС“, рече таа.
Кога се разбудила сфатила дека на сметката ѝ недостасуваат 300 евра.
„Морав неколку пати да ги откажам картичките, а многу луѓе се обидоа да земат пари од мојата сметка“, се жали Кели.
Како мајка на три деца со посебни потреби, Британката избегнува апчиња за спиење за да може да реагира на итни случаи во текот на ноќта.
Нејзините проблеми започнале по раѓањето на првото дете, кога месечарела. Дури подоцна почнала неконтролирано да купува работи преку Интернет.