Драматична снимка е објавена на платформата ItemFix.
Го прикажува моментот кога граѓаните спасуваат девојче кое паднало од висококатница, иако деталите за инцидентот остануваат непознати, објави ItemFix.
Еден од корисниците тврди дека мајката отишла да го земе другото дете на училиште, додека ќерката останала дома и си играла на мобилниот телефон.
Таа наводно излегла на терасата од станот на вториот кат, но не е јасно како паднала.
Минувачите го виделе девојчето на балконот и брзо реагирале сфаќајќи што ќе се случи. Ја фатиле во големо платно и на тој начин ја спречиле трагедијата.