Шпанскиот актер Педро Алонсо ги освои срцата на публиката ширум светот со улогата на Берлин во познатата серија „La Casa de Papel“.
Поради големото интересирање за неговиот лик „Netflix“ неодамна ја објави серијата „Berlin“, која говори за животот на овој херој пред грабежот на кованицата за пари.
Тој е најпознат по неговите улоги во филмовите: „Rias Baikas“ (2003 – 2005), „Maridos e Mulleres“ (2006 – 2008), „Padre Casares“ (2014 – 2015) и „Gondar“ (2009).
Го освоила Татјана
Неговото срце го освоила убавата Татјана Ѓорѓевиќ од Свилајнац, која се занимава со хипнотерапија и чие уметничко име е Тикси Џамбас.
Сепак, познатиот Берлин најмногу ужива цртајќи со својата девојка и не крие дека тоа му се најубавите моменти.
Не се одвојува од неа
50-годишниот актер често ги споделува нивните заеднички моменти, а во интервју за „Vanity Fair“ открил дека нивната приказна започнала пред неколку години.
„Кога првпат ја запознав, почнавме да разговараме, без заведување. На крајот ѝ го дадов телефонскиот број во случај да сака да остане во градот, а останатото е историја“, открил актерот.
Ги сака Брега и Србија
Инаку, насловната нумера „Bella ciao“, која се користеше во серијата „La Casa De Papel“ беше многу популарна низ целиот свет, а пред 12 години ја обработи и Горан Бреговиќ.
Дека му се допаднала изведбата на оваа нумера од страна на балканскиот музичар, актерот покажал кога на својот „Instagram“ профил објавил видео од концертот на Брега.
На споменатото видео може да се види како Педро ужива заедно со својата избраничка, а во описот го напишал името на музичарот и додал емотикони од оган и срце.