Џек Николсон на 22-ри април наполни 87 години, а актерот веќе со години практично не ја напушта куќата. Тој многу ретко се појавува во јавноста, па во последните неколку години беше виден само три пати и тоа на НБА натпревари, а последен пат тоа беше во мај 2023 година.
Постојат бројни извештаи дека здравјето на холивудската легенда е сериозно нарушено, па дури и дека боледува од деменција. Загрижени се дури и неговите најблиски пријатели, пред сè затоа што „повеќе не излегува од дома“ и стравуваат дека ќе умре сам и напуштен.
Имено, Џек Николсон поголемиот дел од времето го поминува во својата луксузна вила на Беверли Хилс, но живее многу повлечен живот и контактира само со своите деца. „Тој јасно им стави до знаење на сите дека неговиот дом е неговиот замок. Но, луѓето само сакаат тој да излезе од дома и да се појави за да им каже дека е добро“, изјави извор за „Radar Online“ минатата година.
„Џек е во контакт со неколку членови на семејството, особено со неговиот син Реј, но неговите денови на дружење одамна поминаа“, додал друг извор за истиот магазин.
Слични наводи изнесе уште еде неименуван извор, кој го спореди со покојниот актер Марлон Брандо, кој беше прв сосед и близок пријател на Џек. „Брандо умре како самотник, а пријателите на Џек сега го споредуваат со него. Да, неговите деца го посетуваат, но тие се неговата единствена врска со светот. Како да не сака повеќе да се соочи со реалноста и тоа е едноставно тажно“, вели изворот.
За потсетување, Николсон се повлече од светот на актерството во 2010 година, а уште тогаш се зборуваше дека има проблеми со помнењето и дека повеќе не може да ги запомни репликите кои се бараат од него. Иако оттогаш живее далеку од светлото на рефлекторите, во последните години неговата самоизолација е екстремна, а токму тоа ги загрижува неговите пријатели и познаници.
Одредени инсајдери истакнуваат дека „неговиот ум исчезнува“, но реалната состојба на неговите когнитивни способности останува непозната за пошироката јавност. Во многу ретките прилики кога се појавуваше во јавноста, на споменатите НБА натпревари, од фотографиите не можеше да се забележи каква е неговата психичка состојба