Наставничката по математика Ребека Џојнс (30) од Велика Британија останала бремена со тинејџер додека чекала судење за наводна врска со друг ученик, соопшти судот.
Таа е обвинета дека го намамила 15-годишното момче на сексуален однос купувајќи му ремен Гучи од 345 фунти. Таа потоа го возела со нејзиното бело „ауди“ до нејзиниот стан во Салфорд Кејс каде што имале двапати секс.
Но, и покрај тоа што таа му рекла „би било подобро никој да не дознае“, тој испратил порака на Снепчет на пријател за да му каже дека „штотуку имал секс со г-ѓа Џојнс“. Обвинителите изјавија и дека момчето ја фотографирало наставничката за да му докаже на пријателот што му кажал.
Оваа вест одекна викендов, а веќе во понеделникот полицијата ја повикала Ребека во училиште во Манчестер, каде што била уапсена, било кажано на судењето.
Наставничката била пуштена од затвор со кауција и под услов да не контактира со ниту едно дете помладо од 18 години и била суспендирана од работното место.
Меѓутоа, додека таа го чекала судењето за секс со малолетник, било откриено дека била во долгогодишна врска со друго момче, изјави обвинителот Џо Алман.
Аферата со друго момче, за време на која тој тврдел дека имале секс околу 30 пати, била разоткриена откако таа му рекла дека чека негово дете, изјави Алман. Ова било „шок“ за ученикот бидејќи му рекла дека „не може да забремени“.
Таа и малолетникот (момчето А) првпат стапиле во врска во октомври 2021 година кога му држела дополнителни часови по математика при што го предизвикала да го погоди нејзиниот телефонски број. Момчето мислело дека се шегува кога првпат го поканила во својот стан после училиште. На снимките се гледа како момчето доаѓа во нејзиниот стан каде два пати имале секс.
Од друга страна, малолетникот (момчето Б) ѝ рекол на полицијата дека почнале да се бакнуваат кога имал само 15 години, но Џојнс тврди дека сексуалната активност се случила дури откако наполнил 16 години и кога била отпуштена како учителка. Во следните месеци тие имале односи „повеќе пати на различни места“ во околу 30 наврати, рече тој. Тој рече дека не користеле заштита.