Според првичните резултати од вчерашните парламентарни избори што Државната изборна комисија ги објави утрово на својата веб-страница, од обработени над 99,27 проценти од гласовите, Коалицијата „Твоја Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ има освоено 431.251 (43,23%) или 58 мандати во новиот 120 член собраниски состав, Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ 153.250 (15,36%) – 18 пратеници, Европски фронт на ДУИ 137.486 (13,78%) – 19 пратеници, Коалицијата од албанскиот опозициски блок „Вреди“ 106.991 (10,72%) – 13 мандати, Левица има 67.338 гласа (6,75%) – 6 пратеници, а Движење ЗНАМ – За наша Македонија 55.539 (5,57%) – 6 пратеници. Останатите партии и коалиции кои учествуваа на изборите имаат под еден процент гласови.
Во првата Изборна единица Коалицијата „Твоја Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ освои 76.192 гласови и би имала 10 пратеници, Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ со 25.730 гласа – 3 мандати, Коалицијата од албанскиот опозициски блок „Вреди“ (21.604), коалицијата Европски фронт на ДУИ (20.560) и Левица (19.596) по 2 пратеника и Движење ЗНАМ – За наша Македонија (11.211) еден пратеник.
Во Изборната единица 2, Коалицијата „Твоја Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ со 66.422 гласа би имала 8 пратеници, коалицијата Европски фронт на ДУИ со 30.626 гласа четири мандати, Коалицијата од албанскиот опозициски блок „Вреди“ има 25.820 гласа и 3 пратеници, Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ со добиени 18.631 глас ќе има 2 мандати, како и Движење ЗНАМ – За наша Македонија (16.229), додека Левица (10.673) еден пратеник.
Во ИЕ 4, Коалицијата „Твоја Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ со добиени 96.536 гласа би имала 13 пратеници, Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ со 41.962 гласа ќе има 5 мандати, додека Левица (12.427) и Движење ЗНАМ – За наша Македонија (8.405) по еден пратеник.
Во петтата изборна единица, Коалицијата „Твоја Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ со добиени 73.916 гласа би имала 10 пратеници, коалицијата Европски фронт на ДУИ со 27.013 – 4 мандати, Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ со 26.904 – 3 мандати, а Коалицијата од албанскиот опозициски блок „Вреди“ (11.067), Левица (9.926) и Движење ЗНАМ – За наша Македонија (8.757) по еден пратеник.
Во ИЕ 6 коалицијата Европски фронт на ДУИ со освоени 53.817 гласа би имала девет мандати, Коалицијата од албанскиот опозициски блок „Вреди“со 47.687 гласа 7 пратеници, Коалицијата „Твоја Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ со 21.639 гласа 3 пратеници и Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ со 6.418 гласа еден пратеник.
Право на глас на парламентарните избори имаа 1.815.350 граѓани запишани во избирачкиот список.