Шакира за првпат беше гостинка на МЕТ балот, којшто секоја година се одржува во музејот на уметноста „Метрополитен“ во Њујорк.
На популарната манифестација, славната пејачка мамеше погледи во впечатлива црвена креација која постојано ја ставаше во фокусот на објективите на фоторепортерите.
47-годишната музичка ѕвезда зачекори на свеченоста во фустан дизајниран од креативниот директор на модната куќа Каролина Ерера – Вес Гордон. Креацијата беше надополнета со блескав накит и долга наметка со волуменозни ракави, која потсетува на роза.