Рускиот претседател Владимир Путин при посетата во Белград во чекор го прати телохранител кој ја носи неговата црна актовка која привлекува внимание со својата содржина.
Станува збор за “атомскиот ковчег” во кој е уред со кој Путин може да лансира ракети со атомски боеви глави. Рускиот претседател никогаш не се дели од него, ниту кога патува во посети на други земји.
Кодното име на нуклеарната актовка е “Чегет”. Таа е споена со посебен комуникациски систем со кодно име “Кавказ“ кој поддржува комуникација помеѓу високи функционери во моменти кога се носат одлуки за употреба на нуклеарно оружје.
На рускиот претседател актовката секогаш му е при рака во било кој момент, а спрема некои информации ваков примерок на ковчег имаат и министерот за одбрана и началникот на генералштабот.