Американката Меган Ричмонд стана интернет сензација поради неверојатната боја на очите. Инфлуенсерот Рохајм Фаруки случајно налетал на неа на улиците во Мајами, а нејзините очи толку многу го воодушевиле што морал да ја фотографира.
Нејзините очи се едни во милијарда“, напиша тој. Видеото во кое Меган ја покажува прекрасната боја на очите и докажува дека не се работи за контактни леќи е прегледано повеќе од 50 милиони пати. Му ги покажала и своите фотографии од детството.
Луѓето во коментарите пишуваат дека Меган ги има најубавите очи на светот. Таа се занимава со биомедицински инженеринг. Во една прилика рекла дека сината боја на очите ја наследила од родителите.