Д-р мед.сци. Маја Милованчева-Поповска
интернист-нефролог
ПЗУ Зегин Интермедика
Ракот на тестиси е редок вид на рак кој се јавува во тестисите. Тестисите произведуваат тестостерон и складираат сперма. Тестостеронот го контролира развојот на репродуктивните органи и другите машки физички карактеристики.
Најмногу ги погодува младите и средовечните мажи. Редок е пред пубертет и по 55 годишна возраст.
Рани знаци:
– безболна грутка или оток во тестисот. Грутка не секогаш значи рак, но ако се забележи потребна е веднаш консултација со доктор.
– остра болка во тестисот или скротум, се јавува и исчезнува. но повеќето тумори не предизвикуваат болка
– чувство на тежина во скротумот
– целиот тестис е потврд и може да биде поголем
– раст и болка на градите, поради хормоналните промени
Други симптоми, во подоцните стадиуми кога канцерт е раширен и на други органи:
– болка во долен дел од ‘рбет
– болка во стомакот
– отежнато дишење
– главоболка, конфузност
Фактори на ризик:
– крипторхизам, кога еден или двата тестиса не успеваат да се симнат во скротумот пред раѓање
– возраст од 20-34 години
– бела раса, 4-5 пати поголема веројатност
– семејна историја за рак на тестис
– 3-4% од особите кои имале рак на тестис ќе разијат рак на другиот тестис во одреден момент
Комликации – намалена плодност, тешкотии со ејакулација.
Болка и грутка во тестисите може да се јави поради:
Епидидимитис – инфекција на епидидимот, трансексуално пренослива инфекција или инфекција на уринарниот тракт. Болка која постепено се зголемува, топлина во скротумот, оток, тешкотии при мокрење, бел, зелен или жолт исцедок од каналот. Ако не се лекува може да предизвика апсцес, сепса, зголемува ризик од неплодност. Орхитис – инфекција и воспаление на тестисот, нетретиран епидидимитис може да доведе до орхитис. Болката може да е многу силна, оток на еден или двата тестиси, замор, треска, гадење, повраќање.
Хернија се јавува кога ткивото турка низ слаб дел од стомачните мускули. Ингвиналната хернија може да турка во скротум, педизвикувајќи болка и оток.
Торзија на тестис е сериозна состојба која бара итен третман. Сперматичната врвка се извртува и го прекинува снабдвањето со крв во тестисите. Ненадејна, силна болка на едната страна од скротумот, оток, црвенило или затемнување на скротумот, гадење, повраќање. Фактори на ризик: повреда, неспуштен тестис, претходна историја за торзија на тестис. Без третман се јавуваинфекција, неплодност, атрофија, намалување на тестисот.
Траума – удар во тестисот предизвикува модринка, болка и оток. Хематоцела се јавува кога крв се собира околу тестисот и го притиска, што влијае на протоскот на крв.
Варикоцела – ненормално проширени вени на тестисите. Повеќето се асимптоматски. Болката се влошува со физичка активност или во текот на денот. Може да влијае на плодноста на мажот.
Циста, вреќичка исполнета со течност, мала, еластична. Обично се безопасни. Најчесто нема симптоми или има досадна болка и тежина во скротум.
Хидроцела – собирање течност околу тестисот, по инфекција или повреда. Обично е безболна, не предизвикува симптоми освен оток. Често се јавува кај новороденчиња. Можни компликации: инфекција, атрофија на тестисот, неплодност, пиоцела или хематоцела.