Ќерката на Моника Белучи и Венсан Касел на 13 март се појавила во Милано со своето момче, младиот актер.
Тие уживале во шопингот, во лежерни модни комбинации. Дева Касел покажала дека ги следи трендовите кои на нејзината мајка не ја интересираат.
Дева Касел (19) и Саул Нани (24) ни овојпат не можеле да ја избегнат средбата со папараците. Актерот со својот стил малку потсетил на Џастин Бибер, најмногу поради „оверсајз“ парчињата, додека ќерката на Моника ја споила спортската и елегантна мода. Таа носела „Burberry“ мантил, модел којшто ќе биде апсолутен тренд пролетва.
За нивната врска се дозна во месец октомври минатата година. Тие претходно се појавиле и на ревија на модната куќа „Dior“ на Модната недела во Париз.
Дознавајќи за оваа романса оние на кои не им се допаднал изборот на ќерката на Моника Белучи која сега е во врска со Тим Бартон, коментирале дека младиот италијански актер не може да ѝ парира на оваа девојка кога станува збор за убавината и тоа дека познатата наследничка има ист вкус како нејзината славна мајка, кога станува збор за избор на мажите.
„Бира момчиња како некогаш нејзината мајка“, можеле да се прочитаат коментари. Од друга страна, Нани важи за атрактивно и убаво момче, а во новата врска тој буквално процветал.