Секое утро си ветувате дека ќе почнете со нови, здрави навики. По обилниот доручек чекате пладне за на работа да имате лесна ужина… Но, во последен момент купувате хамбургер и потоа кукате како немате витка линија.
Магазинот “Journal of Marketing Reseach” објави решение за овој проблем. Тим на научници анализирал повеќе од 1.000 нарачки за ручек, земајќи го во предвид времето на нарачката и изборот на храна. Тие откриле дека оние кој чекале и го одлагале времето за ручек, обично нарачувале калорична храна, додека оние кој однапред си го испланирале својот оброк,независно од времети кога претходно јаделе, нарачувале здрава храна.
Научниците советуваат, храната да се подготвува дома, вечерта пред одењето на работа или нарачајте храна наутро, но, да ви ја достават подоцна. Тоа е еден од начините да спроведете самоконтрола на својот ум и тело.