Порталот 360 степени, објави снимки каде се гледа како Ивица Б., полицаец и до неодамна член на обезбедувањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, напаѓа полициски службеник од единицата за недозволена трговија.
На снимката се гледа како Ивица Б. и Влатко Г., полицаец од ЕНТ, кој бил на служба таа вечер, првично разговараат во внатрешноста на објектот. Потоа Ивица го истуркува Влатко надвор, каде што во еден момент и го удира со тупаница, а потоа и му се заканува мавтајќи со прст кон него.
Случувањата пред локалот се снимени од две камери од различни агли.
Против Ивица Б. е поднесена кривична пријава, а како што информираше Јавното обвинителство, по истата веќе се постапува.