Венсан Касел (57) изгледал неверојатно на карневалот во Рио, облечен само во сребрени монистри и широки црни панталони, додека за рака ја водел 30 години помладата девојка Нара Баптиста.
Нара изгледала сензационално во сребрен градник и гаќички додека на себе имала слични сребрени монистри што го краселе нејзиното тело.
Венсан изгледал многу среќно, насмеано, свежо и задоволно додека се пробивал низ карневалскиот метеж
Популарниот актер познат по филмовите „Единаесеттемина на Оушн“ и „Црниот лебед“, неодамна се развел од Тина Кунаки со која бил во брак околу 5 години.
Неодамна Венсан објавил видео на Инстаграм од разни патувања од изминатата година, со описот:„Само сакав да бидам среќен… среќен сум.“