Регулаторната комисија за енергетика донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,66% во однос на одлуката од 23.2.2024 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,454%, кај дизелот за 0,742%, кај екстра лесното масло за 2,637% и кај мазутот зголемувањето е за 1,773%.