Моделот и актерка Пунам Пандеј почина на 32-годишна возраст по тешка битка со ракот на грлото на матката.
Боливудската убавица почина вчера, 1 февруари, објави нејзиниот тим на социјалните мрежи во петокот наутро.
Тие изјавија за „Фри прес журнал“ дека Пунам починала во четвртокот вечерта. Таа беше во нејзиниот роден град Канпур, Индија кога почина. Се чекаат детали за нејзиниот погреб.
„Ова утро е тешко за нас. Со длабока тага ве известуваме дека ја загубивме нашата сакана Пунам поради рак на грлото на матката. Секоја жива форма што некогаш дошла во контакт со неа е дочекана со чиста љубов и добрина“, се вели во соопштението објавено на официјалниот инстаграм профил на Пунам Пандеј.
„Во ова време на тага, би сакале приватност додека со задоволство се сеќаваме на неа за сето она што го споделивме“, се додава во соопштението.