Поради лошите временски услови и снег на коловозот синот на Лепа Брена, Стефан Живојиновиќ излизга со својот автомобил на Копаоник.
Според информациите од Србија, синот на Брена иако возел полека, мразот си го направил своето и го исфрлил од патот.
„Стефан е доба возач и има силен „мерцедес“, но Копаоник е затрупан со снег и луѓе едвај со џип би поминале. Иако сите му говореле да тргне наутро, тој не сакал, затоа што имал закажано емисија на која требало да ја помовира својата нова песна“, вели извор близок на Стефан, објаснувајќи што се случило на патот до Белград.