Промената доаѓа откако стана јасно дека Мехмеди не ги исполнува условите за функцијата за која го предлага Владата затоа што нема валидна дозвола за надзорен контролор за летање ниту, пак, има најмалку шестгодишно работно искуство како контролор.
Новиот предлог – Хекуран Асани, е активен контролор на летање во М-НАВ и, според проверките, ги исполнува барањата наведени во член 17 од Статутот на Акционерското друштво во државна сопственост М-НАВ:
„Еден од членовите на Управниот одбор ја води, организира и е одговорен за давање на услуги во воздухопловната навигација и носи назив – извршен директор за воздухопловната навигација. Членот се избира од редовите на вработените и мора да има стручни знаења, способности и искуство во организирање и водење на дејноста на Друштвото, да поседува валидна дозвола на надзорен контролор на летање и најмалку шестгодишно работно искуство како надзорен контролор на летање“.
Првиот владин предлог за нов директор на М-НАВ – Илир Мехмеди, во минатото имал дозвола, но за помошник-контролор на летање што значи дека не ги исполнува условите од Статутот.