На седницата која е во тек Владата заклучи да му препорача на Надзорниот одбор на М-НАВ да ги разреши двајцата од тројцата извршни директори и на нивно место да назначи нови.
Од должноста членови на Управниот одбор ќе бидат отповикани Фахрудин Хамиди, кој е и извршен директор, и Љубе Стаменковски, секторски извршен директор.
На местото на Фахрудин Хамиди доаѓа Илир Мемеди, а на местото на Љубе Стаменковски доаѓа Милан Кораќ, кој е оперативен инженер техничар во М- НАВ.
Третиот директор нема да се менува и на таа позиција останува Хасим Деари.