Дете падна на пруга, по која што поминува воз- мајката направи чудо (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Мајка и дете избегнаа страшна смрт на пруга, а видеото се појави на социјалните мрежи.

Драматичните кадри покажуваат како луѓето беспомошно гледаат додека композицијата поминува над жена во шарен фустан, чекајќи да замине. Не се знае ниту кога е снимено, ниту во кој град.

Само што поминал возот, луѓето притрчале да ѝ помогнат на несреќната жена која со своето тело го заштитила детето, а чудо е што останале неповредени.

Видеото е објавено на платформата ItemFix под наслов „Мајка го штити детето откако падна на железничка пруга“.

Други детали не се познати, но најважно е што инцидентот завршил без последици.

останати вести