Познатиот белградски сплав „Картел“ во Нов Белград ноќеска потона во Сава додека таму имаше многу гости на концерт на раперот Цунами.
Според изјавите на сведоците, на се’ претходела тепачка, а потоа и исфрлање на гостите од клубот. Телеграф јавува дека тогаш на мостот имало голема гужва и сплавот почнал да тоне. Во тој момент гостите панично почнале да го напуштаат сплавот.
Полицијата брзо пристигнала на местото на настанот и со чамци ги евакуирала гостите. Сè уште не се знае дали има повредени или поради што потонал ноќниот клуб.
На снимките објавени на социјалните мрежи се гледа како гостите во паника го напуштаат сплавот.