Жителите на белградската населба Врачар утрово беа сведоци на несекојдневна сцена. Багер кој рушел куќа, буквално пропаднал во дупката што ја копал.
Како што може да се види на фотографијата објавена на страницата Serbialive на Инстаграм еден дел од куќата е урнат, а работната машина се наоѓа под агол од 90 степени бидејќи, како што се тврди во објавата, багерот паднал во подрум кога започнало уривањето на објектот.
Засега не се знае зошто е започнато уривањето, а дворот е ограден со метални панели, објавија српските медиуми.
Багерот во Белград потсети на сличните сцени од плоштадот во Скопје кога се изведуваа градежни зафати и неколкупати имаше камиони пропаднати во дупки.