Пратеникот Мартин Костовски објави фотографија од Александар, таткото на убиената ученичка Вања Ѓорчевска, за кого излегоа официјални информации дека ја злоупотребил својата ќерка со намера да извлече пари.
Љупчо Палевски – Палчо ја егзекутирал во страв дека Вања ќе го пријави случајот доколку биде ослободена.
„ТАТКО !!!
си створил живот, си створил дете, требаше да ја сакаш највеќе, ЖИВОТОТ СВОЈ ДА ГО ДАДЕШ!!! да ја заштитиш од се и секој, да ја чуваш, раниш, браниш, охрабриш … да бидеш ветерот во нејзините едра!!!
…..ТАТО ……ќе ти ѕвони гласот додека си жив и ќе се каеш што не го даде животот свој!!! СО КОЕ СРЦЕ, ДУША И МОЗОК ја стави алчноста пред животот на детето свое?!?!? А ТОА ТИ ВЕРУВАШЕ!!! Како сега на другото ќе му објасниш дека си татко?!?!?!
ТИ НЕ СИ ТАТКО-ТИ СИ РЃА МОНСТРУОЗНА !!!“, напиша Костовски на Фејсбук.