Сопското Основно обвинителство потврди дека е уапсен Александар, татко на киднапираната и убиена Вања Ѓорчевска. Засега не е е соопштено дали се бара притвор и за него.
Оттаму велат дека ќе биде задржан до утре и дека се расчистува да се види неговата инволвираност.
Вања исчезна на 27 ноември, а денеска во близина на Скопје е пронајдено нејзиното тело. Во околината на Велес е пронајдено и телото на 74-годишниот П.Ж. кој се водел за исчезнат од 24 ноември.
За двата случаи, како што информираа вечерва од МВР, осомничени се пет лица. Од спроведените истражни дејствија утврдено е дека и двете убиства се извршени од истите лица, чиј мотив е „користољубие“.
Цели седум дена траеше потрагата по 14-годишното девојче, кое според соопштението од Обвинителството и од МВР било убиено само неколку часа по киднапирањето.