Низ социјалните мрежи се шири веста дека Коста Кецмановиќ си го одзел животот.
„Коста Кечмановиќ (14) се самоуби на Клиниката за неврологија и психијатрија за деца и млади!
Оваа неточна информација се шири на социјалната мрежа тикток под ознаката „итно“.
За да бидат што поубедливи, корисниците на социјалните мрежи ја направија оваа дезинформација за да изгледа како да е објавена од некој од познатите американски медиуми, што може да се види и на самата фотографија.
Голем број луѓе ја споделија оваа фотографија, а иако има и такви кои се свесни дека се работи за лажна вест, има и такви кои веруваат дека момчето-убиец навистина „кренал рака“.
Да потсетиме, Коста Кецмановиќ по злосторството се наоѓа на опсервација на Клиниката за неврологија и психијатрија за деца и млади откако пред шест месеци, на 3 мај, уби девет врсници и еден обезбедувач во ОУ „Владислав Рибникар“.