Загина познат холивудски каскадер, во несреќата настрадaа и неговите три деца (ФОТО)

by Тони Зографски

Познатиот каскадер најпознат по работата на филмовите „Црн пантер“ и „Одмаздници“, Тараја Рамзес, загина во сообраќајна несреќа заедно со неговите три деца.

Тараја загинал на 31 октомври, кога со својот автомобил удри во расипана трактор-приколка на излезот на автопатот Џорџија. Тој починал, како и неговата ќерка Сундари (13), синот Кисаси (10) и ќерката Фуџибо, која имала само 8 недели.

Тригодишната ќерка на Тараја, Шазија преживеала и се опоравува од полесните повреди во болница. Несреќата ја преживеала уште едно 15-годишно девојче кое учествувало во несреќата.

Беше вклучен во повеќе од 43 проекти, меѓу кои и „Игри на гладта: фаќање оган“.

Страницата GoFundMe објави дека прифаќа донации кои ќе одат директно до семејството, за погребни аранжмани.

– Кисаси Адебахо им се придружи на таткото Тараџи и сестрите Сундари и Фуџибо на нивното патување… Господ нека ги благослови нивните души. Ќе ни недостигате – напиша на Инстаграм Акили Рамзес, мајката на познатиот каскадер.

 

останати вести