Вељко Ражнатовиќ наскоро треба да стапне на лудиот камен, а по тој повод, неговата мајка, Светлана Ражнатовиќ – Цеца, откри како ќе се одвива неговиот живот.
„Па, Вељко одлучи да не се сели, затоа што фала му на Бога, кај нас има место. Претпоставувам дека Анастасија, кога ќе одлучи да живее со нејзиниот парнтер, ќе замине во свој дом. Секој треба да живее онаму каде му е убаво и со кого му а убаво. Природно е луѓето да бараат приватност“, истакна Цеца.