Овен (21.03 – 20.04)
ЉУБОВ: Ако сте имале недоразбирања со саканото лице, поврзани околу работата, оваа недела тие расправии ќе го достигнат својот врв. Не можете да се објасните и да најдете заедничко мислење. Обидете се да ја смирите ситуацијата.
РАБОТА: Оваа недела ќе имате малку повеќе среќа на работа отколку во љубовта. Ќе бидете интелектуално, енергетски и физички подготвени за сите работни задачи. Некои од вас ќе имаат среќа кога станува збор за паричните награди.
ЗДРАВЈЕ: Можни се проблеми со грлото.
Бик (21.04 – 21.05)
ЉУБОВ: Венера, вашиот владетел и понатака е во Девица, што ви носи зголемување на комуникациите. Сите проблеми во љубовниот живот ќе ги решите преку разговори. Трпението е клучната работа.
РАБОТА: Дарежливиот Јупитер во Девица ви носи интересна енергија. Колку повеќе се залагате толку повеќе ќе добиете. Верувајте и на вашата интуиција. Напредокот доаѓа кон вас. Храбро движете се напред.
ЗДРАВЈЕ: Внимателно следете ги промените на кожата.
Близнаци (22.05 – 22.06)
ЉУБОВ: Во последно време како да сте се заглавиле во некоја кутија со недоразбирање и невоља кога станува збор за односот со партнерот. Оваа недела би можело да дојде до промена на ситуацијата поради влијанието на Марс во Девица.
РАБОТА: Ќе морате да ја зголемите дисциплината кога станува збор за финансиите. Имате големи желби и немате трпение кога се тие во прашање. Работата оди добро оваа недела, само малку поправете го вашиот став. Доколку сакате повеќе пари пронајдете некоја дополнителна работа.
ЗДРАВЈЕ: Се подобро и подобро.
Рак (22.06 – 22.07)
ЉУБОВ: Меркур во вашата соларана куќа на самозадоволства и врски може да ве натера на некои прилично драстични потези. Сонцето во Шкорпија, подрачјето за вашето семејство, само ќе ги забрза промените кои сте ги замислиле. Одредена ситуација ќе ве врати во минатото и тоа ќе биде почетокот кон нешто подобро.
РАБОТА: На деловното поле оваа недела ќе бидете многу вредни. Надворешните околности ќе бидат променливи, а вие успешно ќе се прилагодувате на новите ситуации. Доколку сте имале план за патување, не сега, но наскоро ќе ви се исполни.
ЗДРАВЈЕ: Можни повреди и истегнување на екстремитетите.
Лав (23.07 – 22.08)
ЉУБОВ: Вашиот љубовен живот и креативното изразување ви се на високо ниво. Партнерот ви е многу потребен, па ќе се обидете на секој начин да го резервирате само за себе. Не правете ништо со сила со цел да не ви се заладат односите.
РАБОТА: Недостатокот на пари во моментов би можел да ве спречи во една мнногу добра понуда во моментов. Имате деловна енегија, но како да ви недостасува малку среќа. Бидете посталожени, надокнадете ја несигурноста со својата креативност.
ЗДРАВЈЕ: Внимавајте, можни се настинки.
Девица (23.08 – 22.09)
ЉУБОВ: Марс во Девица ви носи смирување на затегнатите односи со партнерот. Комуникацијата меѓу вас значително ќе се подобри, па така ќе бидат решени и недоразбирањата кои ве одалечуваа. Немојте само да се оптеретувате со детали, обидете се да бидете љубезни и попустливи.
РАБОТА: Во последно време вашите деловни потези се погрешно разбрани, а оваа недела сите оние кои ве осудуваа ќе тропнат на вашата врата и ќе побараат прошка. Бидете отворени и достапни за комуникација. Премолчете и обидете се да ги сфатите сите кои деловно ве опкружуваат.
ЗДРАВЈЕ: Внимавајте на желудникот и исхраната.
Вага (23.09 – 22.10)
ЉУБОВ: Венера ќе ви донесе потешкотии во односите со саканите лица, особео со партнерот. Поради зголемениот обем на работа нема да имате време да се видите со партнерот, а тој ќе нема повеќе разбирање за вашата отсутност. Итно решете ги проблемите, можат да прераснат во нешто полошо.
РАБОТА: Финансиите не ви се поволни како претходно, а обемот на работа и понатака е голем. Ќе морате да ја поднесете новонастанатата ситуација на работното место, во спротивно ќе си создадете потешкотии кои не ви се потребни во моментов.
ЗДРАВЈЕ: Општото здравје е добро, ќе забележите пад на енергијата.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
ЉУБОВ: Забележавте дека не е лесно да се справите со тврдоглавоста на партнерот. Непотребно си ги трошевте нервите да му угодите. Оставете да помине малку време и работите ќе се средат, не напнувајте веднаш се да биде одлично. Девицата ви испраќа енергија и трпение, тоа ви е потребно.
РАБОТА: Јупитер, Марс и Венера во Девица ви носат многу деловни прилики во кои се кријат многу добри заработки и напредок во кариерата. Сите кои веруваат во себе ќе забележат успех. Искористете го поволниот период да си ја подобрите материјалната состојба.
ЗДРАВЈЕ: Можна е зголемена осетливост на желудникот, внимавајте што јадете.
Стрелец (22.11 – 21.12)
ЉУБОВ: Се приближува времето за влез на Сонцето во вашиот знак и почетокот на нов годишен циклус за вас. Овој период искористете го за малку да се повлечете од другите и добро да размислите за себе. Односите со блиските лица, ќе бидат тивки но пријатни.
РАБОТА: На деловен план нема да постојат некои новости. Се ќе функционира прилично мирно и добро, но сепак нема да дојдат ниту напредокот и новите прилики. Искористете го овој период за довршување на започнатите работи.
ЗДРАВЈЕ: Можни проблеми со главоболка.
Јарец (22.12 – 20.01)
ЉУБОВ: Иако и понатаа ги ставате потребите на блиските лица пред вашите, немојте да сте такви кога станува збор и за парите. Не си посветувате доволно внимание и грижа самите на себе. Одвојте некој денар за вас, оставете ги другите на страна, и релаксирајте се со некоја медицинска масажа. Партнерот не смее да ви се налути бидејќи досега само тој ги користел убавите нешта.
РАБОТА: Време е да ја совладате деловната лекција дека некогаш мора да кажете НЕ на нешто што навистина не можете и не сакате да го извршите. Сите ве научиле дека сте добродушни, па ве користат да ги завршите и нивните задачи. Гласно кажете дека од оваа недела ситуацијата нема да биде повеќе таква.
ЗДРАВЈЕ: Внимавајте на грлото.
Водолија (21.01 – 19.02)
ЉУБОВ: Присутноста на Јупитер, Венера и Марс во Девица ви дава неверојатана дарба за говор. Искористете го тоа и кажете се што ве мачи. Не се повлекувајте доколку блиските лица или партнерот не се согласуваат со вашето мислење. Време е малку да се почитувате себе си.
РАБОТА: Оваа недела најдобро ќе ви одат работните обврски кои ќе се изработуваат во групи. Сите остварени контакти ќе ви донесат поволни вести и можности. Искористете ја можноста за подобрување на деловното поле.
ЗДРАВЈЕ: Енергијата ви расте, но бидете умерени, не се преморувајте.
Риби (20.02 – 20.03)
ЉУБОВ: Почетокот на неделата ќе ви донесе лош период во љубовното поле за кое најверојатно вие сте виновни. Но сето тоа од среда па натака ќе се поправи и ќе биде заборавено. Немојте да бидете себични и да мислите само за вас, угодете му и на партнерот.
РАБОТА: Работните обврски растат. Периодот е поволен за многу работа, залагања и многу труд, кој еден ден со сигурност ќе ви се исплати. Не се срамете да признаете дека нешто не разбирате. Тоа на сите им се случува, а најдобрите јавно бараат помош и објаснување.
ЗДРАВЈЕ: Можност за зголемување на притисокот, внимавајте.