Осумнаесетгодишната О.Ш. од Нови Сад синоќа околу полноќ го избол до смрт својот 30-годишен тетин, дознава „Блиц“.
На убиството му претходела расправија.
Новинарите на „Блиц“ биле на лице место, кога дошла сопругата на починатиот, која видно потресена и со солзи во очите рекла дека не може ништо да коментира.
Околу 23 минути по полноќ, Итната помош добила повик за убод со остар предмет.
„По пристигнувањето на екипата, при прегледот беа констатирани убодни рани со остар предмет. Првично беа започнати мерки за реанимација, но за жал безуспешно“, известија за „Блиц“ од новосадската Итна помош, која можеше само да констатира смрт.
На О.Ш. и’ е одреден притвор до 48 часа и со кривична пријава ќе биде изведена кај повисокиот јавен обвинител во Нови Сад, дознава Блиц.