Актерот Метју Пери, кој се прослави во 1990-тите како саркастичниот и исклучително духовит Чендлер Бинг во хит американската телевизиска комедија „Пријатели“, беше пронајден мртов на 54-годишна возраст во саботата во неговиот дом во Лос Анџелес, објавија повеќе медиуми.
Лос Анџелес Тајмс и TMZ.com, повикувајќи се на неименувани полициски извори, објавија дека Пери бил пронајден мртов во када или џакузи.
NBC News, повикувајќи се на неименуван агент на актерот и полицијата, објави дека актерот починал од очигледно давење во неговиот дом во населбата Пацифик Палисадес во Лос Анџелес.
Пери беше најпознат по неговата долгогодишна улога на Ченлер во исклучително успешната серија Пријатели, која се емитуваше 10 сезони на NBC од 1994 до 2004 година, во која глумат Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Дејвид Швимер, Мет Лебланк и Лиза Кудроу.