Д-р Елена Арсова, менаџер на Hair Clinic Beograd (www.hairclinicbalkan.com)
Генетика или болест?
За жените е исклучително важно да побараат професионален медицински совет кога ќе забележат опаѓање на косата!
За жени, губењето на косата може да биде огромен стрес и оптеретување поради социјалните стандарди кои наметнуваат жените да се чувствуваат неатрактивно или отфрлено ако немаат бујна коса полна волумен.
Наследното губење на косата често придонесува жените да се чувствуваат засрамено и да страдаат во тишина. Има огромен број жени кои својот проблем со губење на косата дозволуваат да остане недијагностициран од стручни лица, и самостојно го решаваат со лесно достапните екстензии за коса, перики и други модни додатоци кои за жал се далеку од вистинско решение.
Криењето или игнорирањето на наследното ќелавење може да биде екстремно проблематично, да не спомнеме и опасно, затоа што наследното губење на косата може да биде знак на многу сериозни медицински состојби кои треба да се третираат.
Ако не се третира правилно наследната ќелавост може да влијае на здравјето и квалитетот на животот на жената. Затоа е неопходно секоја жена да ги познава и разбира фактите позади оваа изненадувачки честа состојба.
Жените со наследна ќелавост (андрогенетска алопеција) генерално имаат постепено ослабнување на косата во медијална линија и евентуално ќелавење на круната на главата. Причините кои придонесуваат за овој тип на алопеција ја вклучуваат активноста на андрогените хормони (машките хормони) кои имаат одредени функции и кај мажите и кај жените, вклучително сексуален нагон и регулација на растот на косата.
Но, губењето на косата може да се наследи и опфаќа неколку различни гени. Исто така може да резултира и од хормонален дисбаланс, невообичаена андрогена продукција или активност и тумори кои лачат андрогени. Во секој случај е врзана со зголемена андрогена активност. Но за разлика од мажите, кај жени прецизната функција на андрогените хормони е тешка да се одреди и објасни. Исто така, во развојот на ќелавоста може да се инволвирани и медицински проблеми, вклучително и хормонални или хемиски дисбаланс, анорексија или пореметувња во исхрана, анемија или ниски нивоа на железо, низок феритин, проблеми со тироидна жлезда, полицистичен оваријален синдром итн.
Губењето на косата се јавува поради скратување на фазата на раст на влакното, па е потребно подолго време влакното да израсне откако испаднало во нормалниот циклус. Влакнениот фоликул пак се намалува и произведува потенки и послаби влакна-процес наречен фоликуларна минијатуризација. Како последица на тоа цврстите влакна се заменуваат со тенки, непигментирани влакна. Ако подолго трае процесот, доаѓа до трајно губење на косата.
Не го игнорирајте губењето на косата туку откријте ја причината за опаѓањето. Не чекајте спонтано да престане опаѓањето затоа што е поголема веројатноста трајно да ја изгубите косата отколку да се регенерира.
Обратете се за совет и трихолошка анализа кај докторките-трихолози и најдете не само одговор на вашите прашања туку и решение за вашиот проблем со косата.