Човек со посебни потреби ја снимил сопствената смрт кога напаѓачите го застрелале додека емитувал во живо на TikTok.
Педро Луис Тоала Резабала (33) бил убиен во вторникот во Еквадор. Надзорната камера ги снимила и неговите последни моменти откако бил брутално застрелан на улица.
Вознемирувачкото видео го прикажува Резабала со пријател пред неговата куќа во Портовије. Околу 21 часот и 45 минути ненадејно им приоѓаат двајца мажи на мотор и почнале да пукаат во негова насока.
Трет маж му приоѓа одзади неколку секунди подоцна и му пука во глава.
Пријателот успеал да побегне неповреден.
Според локалните медиуми, Резабала имал криминално досие за грабеж, трговија со дрога, насилничко однесување, недозволено поседување оружје…
Локалните медиуми јавуваат дека Резабала преживеал обид за атентат пред неколку години, поради што останал параплегичен.
https://twitter.com/i/status/1714733239850385455
Не се знае дали има уапсени за убиството.
Еквадор има 11-та највисока стапка на криминал во светот. Стапката на убиства е зголемена за речиси 500 отсто од 2016 година до 22 убиства на 100.000 луѓе во 2022 година.