Викторија Бекам првпат јавно зборувала за болката која ја доживеала кога започнале јавните излагања за тоа дека сопругот Дејвид Бекам ја изневерил со Ребека Лос.
Пред 20 години во светот одекнала веста дека Дејвид Бекам станал близок со својата асистентка Ребека Лос додека играл за Шпанија. Викторија открила дека следните месеци ѝ биле најтешките во животот и дека се чувствувала како да е сама на светот.
Од друга страна, Бекам раскажал дека ни денес не е свесен како тие двајца ја надминале таа криза во 2003 година, но дека тогаш знаеле дека мора да се борат за своето семејство.
Дејвид раскажал дека секој ден доживувал „физичка мака“ додека тој и Викторија се бореле да го спасат својот брак.
Семејството Бекам синоќа присуствувало на промоцијата на документарецот на „Нетфликс“ којшто се занимава со нивните животи од детството, до денес.
На црвениот тепих се појавиле Викторија и Дејвид, како и синовите Бруклин, Ромео и Круз и ќерка им Харпер, но и снаата Никол Пелц, како и девојката на нивниот најмлад син, манекенката Миа Реган.
Парот првпат зборувал за сочните детали затоа што сметаат дека повеќе немаат што да ѝ докажуваат на јавност, а и сакаат да бидат отворени и искрени.
„Беше тоа најтешкиот период за нас. Изгледаше како цел свет да е против нас“, изјавила Викторија.
„Еве во што е работата. Тогаш бевме еден против друг. До неговото заминување во Мадрид се чувствував како да сме едно, но кога беше во Шпанија не ми се чинеше дека се имаме еден со друг. И тоа беше тажно. Не можам да кажам колку ми беше тешко и како сето тоа влијаеше на мене“.
Пред 23 години додека престојувал во Шпанија, Дејвид влегол во наводна афера со Ребека Лос која ја разоткриле медиумите. Во тоа време Викторија останала во Велика Британија поради синовите Бруклин и Ромео кои оделе на училиште.
„Кога првпат се пресели во Шпанија беше многу тешко затоа што бев дел од едно семејство и еден клуб од 15 до 27 години. Ме продаваат „преку ноќ“, наредната минута бев во друг град, држава во која не го зборувам нејзиниот јазик. Што е полошо, покрај мене не беше моето семејство. Секојпат кога ќе се разбудев се чувствував како нешто да недостасува. И двајцата во тој момент чувствувавме како да се губиме еден со друг“, изјавил Дејвид.
„Ми беше неверојатно тешко да ја видам Викторија толку повредена и не знам како се извлече од таа криза, но ние сме борци и одлучивме да се бориме еден за друг, а моравме да се бориме и за нашето семејство.
Во тоа време имаше денови кога одвај станував. Мислев: Како сега ќе станам и ќе одам на тренинг? Физички се чувствував болно секој ден. А, потоа Викторија одлучи да се досели во Мадрид каде купивме куќа, па во Шпанија го добивме и нашиот трет син Круз којшто сега има 18 години“, рекол Дејвид.
„Дали му замерував на Дејвид? Искрено, да. Тоа беше најнесреќниот период во мојот живот“, рекла Викторија и додала дека животот во Мадрид ѝ бил кошмар.