Професорката Мирјана Најчевска со прашање до вицепремиерот Артан Груби на социјалните мрежи по најавите дека еден од приоритетите на Владата ќе биде изградбата на железничка пруга кон Драч.
„Зошто би била приоритетна пруга Скопје-Драч?
За создавање услови за голема Албанија?“, прашува Најчевска.
Ако веќе одиме кон Европа, јас би сакала, вели Најчевска, да видам пруга со која може да стигнеме до Германија, Франција, Чешка, Шпанија.
„Се друго е сонот на едно националистче кое си направи мафијашка држава“, нагласува во напишаното Најчевска.