Се огласи професорката Билјана Ванковска за скандалот кој од вчера ја тресе македонската јавност, а кој е поврзан со Маричиќ од СДСМ и пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојановска.
“Ако е точно она што го тврдат пратениците на ДПМНЕ за недоличното однесување на Маричиќ, тогаш тоа не е само скандалозно, туку е и причина за покренување интерпелација. Не станува збор само за навреда на пратеничка, туку за навреда на носител на извршна власт кон домот во кој е избран, пред кого одговара и каде што дал заклетва.
Од друга страна, колку и да е ова скандалозен инцидент, сепак поважно е: зошто опозицијата седи во ова дно од парламент?! Им даваат легитимитет на шверцерски закони, распродажбата на правдата и националните интереси!
Навредите на умот што ги трпиме како нација од тие неранимајковци се далеку поголеми од сексистичкиот однос кон пратеничката.“, напиша Ванковска.