“СКОПЈЕ, ГРАД НА КУЛТУРА“: Изложба на кучиња скитници, прошетка по коцкарниците, избор на најсмрдливо ѓубре, фото сесија со распаднатите стиропор фасади

by Тони Зографски

Мијана Најчевска распали за титулата што ја доби Скопје „Европска престолнина на културата“.

„Цеца и Аца Лукас ќе имаат посебна програма во текот на претставувањето на Скопје како град на културата 2028.

Ќе има изложба на кучиња скитници, прошетка по коцкарниците и кладилниците, избор на најсмрдливо ѓубре, фото сесија со распаднатите стиропор фасади и посебни претстави во театрите во време на дожд под наслов: кој ќе преживее ќе раскажува“.

Најчевска додава: „Има така една басна за жабата и волот, мислам дека има прилично несреќен крај. За жабата. И престанете мојата објективност да ја нарекувате негативност.

Во 2000 година кажав дека ќе има меѓуетнички конфликт и дека треба нешто да направиме. Ми рекоа дека сум црна птица злослутница и дека нема европска држава со подобри меѓунационални односи. Значи кажувам за да поправам, а вие сакате да засткриете и се правите ќори на две очи“.

останати вести